Петтиот годишен UM Impact day „Homecoming“ ја зближува глобалната заедница преку еднаквоста, одржливоста и благосостојбата

После 2019 година, вработените од 50 земји, на повеќе од 100 пазари и од преку 120 канцеларии, повторно се обединуваат на овој значаен ден.

ЊУЈОРК – 21 јули 2022 година – UM, глобалната медиумска агенциска мрежа на IPG Mediabrands, денес го објави својот петти настан за грижа за заедницата, Impact Day – Homecoming. Започнат во 2016 година, во рамките на иницијативата Better World за корпоративна општествена одговорност, Impact Day е пример за посветеноста на агенцијата кон општеството и грижата на нејзините вработени светот да стане подобро место за живеење и работа.

„По две виртуелни години, ми носи голема радост што овогодинешниот Impact Day ќе ни овозможи лично да се здружиме – вистинско враќање дома за нашите луѓе и заедници ширум светот“, рече Ајлин Кирнан, Глобален извршен директор, UM.  

„Нашите 3.000+ вработени ќе соработуваат со организации од заедницата со цел да обезбедат помош за хуманитарната криза во Украина, грижа за нашите природни ресурси, пружење медицинска поддршка на загрозените од СOVID во маргинализираните заедници, како и многу повеќе. Impact Day е сакана и важна традиција во UM, и прекрасно е да се биде во можност повторно да се излезе на улиците и да се направи промена“.

Регионалните канцеларии на UM низ EMEA, APAC, LATAM и Северна Америка, ќе соработуваат со локални добротворни организации, невладини организации и партнери, при што ќе бидат опфатени следните активности:

  • Работа со RPlanet во Индија за собирање е-отпад и соодветно отстранување (застарена или нефункционална електроника што може да доведе до ослободување на токсични хемикалии)
  • Собирање облека во Еквадор за Фондацијата Juntos Por Ecuador, која обезбедува сè, од медицинска поддршка до облека, домување и храна на луѓето на кои им е потребна
  • Ревитализација на училиштата во области со ниски приходи во САД, со цел да се создадат модерни, функционални простори каде учениците ќе можат да учат со New York Cares
  • Поддршка на Autism Café Project во Малезија, чија цел е да им помогне на младите со аутизам да станат независни
  • Чистење локални паркови и склучување договори со медиумските партнери со цел да донираат простор за рекламирање преку повеќе канали на малите бизниси во Канада кои се во сопственост на BIPOC
  • Помош за обнова на градот Шофонтен во Белгија, кој неодамна беше погоден од разорни поплави
  • Организирање на карневал во седиштето на UM UAE за деца со посебни потреби, за да уживаат во забавни игри со своите семејства
  • Соработка со локалната добротворна организација на UK, FCV Dorcas, за да обезбеди исхрана и физичка активност за постарите лица

„Возбудени сме што повторно овој настан ќе се организира со физичко присуство и ќе бидеме заедно на нашиот значаен ден “, рече Ерик Гузман, потпретседател на Global Operations и раководител на UM Better World. „Додека гледаме во иднината во постпандемискиот свет, овогодинешните активности ќе бидат фокусирани на подобрување на нашите заедници преку еднаквоста, одржливоста и благосостојбата – критични прашања со кои се соочува нашата глобална заедница денес. Во UM, стремежот кон подобар свет е дел од нашата ДНК и чест ни е да работиме со нашите партнери ширум светот за да постигнеме вистинско влијание“.

На 21 јули, вработените на UM ширум светот ќе објавуваат новости за Impact Day на Instagram, Facebook, LinkedIn и Twitter, користејќи ги хаштаговите #UMBetterWorld и #UMImpactDay.

По официјалното започнување на Impact Day во САД во 2016 година, UM ја прошири иницијативата на глобално ниво во 2018 година, кога волонтери од 50 канцеларии во 40 земји волонтираа во нивните заедници. Во 2019 година, повеќе од 80 канцеларии на UM во 52 земји се приклучија на напорите за чистење, ревитализација и помош на нивните локални заедници. Во 2020 година, кога светот се затвори како одговор на глобалната пандемија, Impact Day беше спроведен виртуелно со цел да не се наруши јавното здравје, а во 2021 година, се одржа во текот на два дена преку хибридно искуство и флексибилност.

За UM

UM е глобална медиумска агенција посветена на обезбедување на бизнисите на нашите клиенти сега и во наредниот период.

UM е глобална медиумска агенција посветена на подобро разбирање на податоците и внесување на иновативност во кампањите на клиентите. Ја користиме трансформациската моќ на богатата деловна анализа и интелигенцијата во реално време, за да го максимизираме растот и да ги препознаеме медиумските моменти кои се најрелевантни за потрошувачите. Нашиот консултативен пристап и агилен модел, вкоренети во различноста, правичноста и припадноста, даваат подобри деловни резултати за брендовите. Како водечка глобална медиумска мрежа во IPG Mediabrands, UM работи во над 100 земји, со повеќе од 3.000 луѓе кои се наоѓаат на списокот на глобални клиенти, вклучувајќи ги Accenture, American Express, GoPro, Johnson & Johnson, Levi Strauss & Co, Mattel, Sony и Spotify.

За повеќе информации, посетете ја https://www.umww.com/.