Услови за користење

  1. Вовед

Добредојдовте на веб-сајтот на UM – Universal McCann („Сајт“). Овој Договор за услови на користење („Договор“) го уредува договорот помеѓу UM – Universal McCann („Компанија“ или „ние“) и секој поединечен корисник („Вие“ или „корисник“) и го регулира користењето на овој сајт од Ваша страна. Ве молиме внимателно да го прочитате овој Договор пред користењето на Сајтот. Со користење на овој Сајт, Вие се согласувате да бидете обврзани со условите и правилата содржани во овој Договор. Доколку не се согласувате со условите и правилата содржани во овој Договор, не смеете да пристапите или на друг начин да го користите овој Сајт.

Ние можеме, по наша одлука, да го измениме овој Договор со или без претходно известување до Вас. Датумот „Последно ажурирано на“ на почетокот од овој Договор ќе укажува на тоа кога биле направени последните измени. Со продолжување на пристапувањето и користењето на овој Сајт по измените на овој Договор, Вие се согласувате со тие измени. Затоа, треба да го разгледате овој Договор пред секое користење на овој Сајт. Покрај тоа, кога ќе користите одредени услуги или опции, Вие ќе бидете предмет на објавените упатства или политики кои се применуваат за таквите услуги или опции кои може да се објавуваат од време на време. Сите овие упатства или политики ќе се сметаат како дел од овој Договор.

  1. Приватност

 

Користењето на овој Сајт е предмет на условите на нашата Политика на приватност, која со ова станува дел од овој Договор.  Ве молиме внимателно да ја разгледате нашата Политика на приватност. Со користењето на овој Сајт, Вие се согласувате да бидете обврзани со условите наведени во нашата Политика на приватност. Ние го задржуваме правото, а Вие нѐ овластувате, да ги користиме податоците во врска со Вашето користење на сајтот и сите други лични податоци дадени од Ваша страна во согласност со нашата Политика на приватност.  

 

III. Авторско право; Трговски марки

Со ова се сложувате дека сите материјали на овој Сајт, вклучувајќи ги и дизајнот, графиката, текстот, звуците, сликите, софтверот и другите датотеки на Сајтот, како и нивниот избор и уредување (колективно „Материјали“) се сопственост на Компанијата или неговите даватели на лиценци, и се предмет на и заштитени со законите и правата на Република Македонија и меѓународните закони и права за заштита на авторските права и други права од интелектуална сопственост. Сите права на Материјалите кои не се јасно дадени со овој Договор се задржани на нивните соодветни сопственици на правата на интелектуална сопственост. Освен ако не е дадена изрична согласност со овој Договор или на овој Сајт, не е дозволено копирање, репродуцирање, дистрибуција, повторно публикување, превземање, изведување, покажување, објавување, пренесување, искористување, создавање дела изведени од нив или на друг начин користење на Материјалите во било која форма или со било кои средства, без претходна писмена согласност од страна на Компанијата или соодветниот носител на правата на интелектуална сопственост. Компанијата Ве овластува да ги гледате и превземате Материјалите само за лична, некомерцијална намена, под услов да ги задржите непроменети сите забелешки за авторски и други сопственички права содржани во оригиналните Материјали. Не е дозволена измена или адаптација на Материјалите на било кој начин или пак нивно користење за било какви јавни или комерцијални цели. Трговските марки, услужните марки, трговските имиња, изгледот на трговската марка и логоата (колективно „Марки“) содржани или опишани на овој Сајт (вклучувајќи ја, без ограничување UM – Universal McCann) се исклучива сопственост на Компанијата и/или нејзините даватели на лиценци и не смеат да се копираат, имитираат или на друг начин користат, целосно или делумно, без претходна писмена согласност на Компанијата и/или нејзините даватели на лиценци. Понатаму, сите заглавија на страниците, графиката, иконите на копчињата и скриптите се Марки на Компанијата и не смеат да се копираат, имитираат или на друг начин да се користат, целосно или делумно, без претходна писмена согласност на Компанијата. Компанијата во потполност ќе ги спроведе своите законски права на интелектуална сопственост.

  1. Линкови; Веб-сајтови на трети лица

Линковите на Сајтот до веб-сајтови на трети лица се дадени само за Ваша погодност. Ако ги користите овие линкови, ќе го напуштите Сајтот. Компанијата не ги контролира ниту одобрува таквите веб-сајтови на трети лица. Вие се согласувате дека Компанијата и нејзините подружници не превземаат било каква одговорност за евентуалната содржина, стоки или услуги кои се нудат на или преку овие веб-сајтови или пак за Вашето користење или неможност за користење на истите. Вие ќе ги користите овие линкови на Ваш сопствен ризик. Ве советуваме дека другите веб-сајтови на Интернет, вклучувајќи ги и веб-сајтовите чии линкови се на овој Сајт, може да содржат материјали или информации кои за некои луѓе се навредливи или несоодветни; или кои се неточни, невистинити, збунувачки или лажни; или кои се клеветнички, погрдни, ги кршат правата на другите или се на друг начин незаконски. Компанијата јасно се одрекува од секаква одговорност за содржината, законитоста, пристојноста или точноста на било какви информации, како и за сите производи и услуги кои се појавуваат на веб-сајтовите на трети лица.     

Без ограничување на горенаведеното, Вашата преписка или зделки со, или учество во промоции на огласувачи кои ќе ги најдете на или преку овој Сајт, вклучувајќи и плаќање за испорака на стоки и услуги и било кои други услови, гаранции или застапувања поврзани со таквите зделки се исклучиво помеѓу Вас и таквиот огласувач. Вие се согласувате дека Компанијата и нејзините подружници не превземаат никаква одговорност за било каква загуба или оштетување настанато како резултат на таквите зделки или како резултат на присутноста на таквиот огласувач на Сајтот. 

  1. Одрекување од одговорност; Ограничување на одговорноста

ВИЕ ИЗРИЧНО РАЗБИРАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА:

ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. САЈТОТ И МАТЕРИЈАЛИТЕ СОДРЖАНИ ВО НЕГО СЕ ДАДЕНИ „КАКО ШТО СЕ“ И „КАКО СЕ ДОСТАПНИ“. ОСВЕН АКО НЕ Е ПОИНАКУ НАВЕДЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР, КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, КАКО И НИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И ОСТАНАТИ ПРЕТСТАВНИЦИ (КОЛЕКТИВНО „КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ“) ИЗРЕЧНО СЕ ОГРАДУВААТ ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КОЈ ВИД, БИЛО ДА СЕ ТИЕ ИЗРЕЧЕНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ГАРАНЦИИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ПРИ ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПОВРЕДЛИВОСТ.

ОСВЕН АКО НЕ Е ПОИНАКУ НАВЕДЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР, КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА (I) САЈТОТ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ВАШИТЕ БАРАЊА, (II) САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ, НАВРЕМЕН, СИГУРЕН ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, (III) РЕЗУЛТАТИТЕ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДАТ ТОЧНИ ИЛИ ВЕРОДОСТОЈНИ, (IV) КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ, ПОДАТОЦИТЕ ИЛИ ОСТАНАТИОТ МАТЕРИЈАЛ КОЈ СТЕ ГО ДОБИЛЕ ПРЕКУ САЈТОТ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА, И (V) ЕВЕНТУАЛНИТЕ ГРЕШКИ НА САЈТОТ ЌЕ БИДАТ ИСПРАВЕНИ. СИТЕ МАТЕРИЈАЛИ КОИ СТЕ ГИ ПРЕВЗЕМАЛЕ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ДОБИЛЕ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА СЕ НА ВАША ДИСКРЕЦИЈА И ВАШ РИЗИК И ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВО ОШТЕТУВАЊЕ НА ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ ИЛИ ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ КОИ БИ ПРОИЗЛЕГЛЕ ОД ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ТИЕ МАТЕРИЈАЛИ. НИЕДЕН СОВЕТ ИЛИ ИНФОРМАЦИЈА, БИЛО ВО УСНА ИЛИ ПИСМЕНА ФОРМА, КОИ СТЕ ГИ ДОБИЛЕ ОД КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ ИЛИ НА ИЛИ ПРЕКУ САЈТОТ НЕМА ДА ЗНАЧИ ГАРАНЦИЈА ДОКОЛКУ НЕ Е ЈАСНО НАВЕДЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР.

КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ШТЕТИ ОД БИЛО КОЈ ВИД КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, СЕ ВО ВРСКА СО ИЛИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ОДГОВОРНОСТ (I) КАКО ОБЈАВУВАЧ НА ИНФОРМАЦИИТЕ, (II) ЗА БИЛО КАКВИ НЕТОЧНИ ИЛИ НЕПОТПОЛНИ ИНФОРМАЦИИ, (III) ЗА БИЛО КАКОВ НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП ДО ИЛИ ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПРЕНОСИ ИЛИ ПОДАТОЦИ, (IV) ЗА ИЗЈАВИ ИЛИ ОДНЕСУВАЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА НА САЈТОТ, ИЛИ (VII) ЗА БИЛО КОИ ДРУГИ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ САЈТ ИЛИ ВЕБ-САЈТ НА НЕКОЕ ТРЕТО ЛИЦЕ. ОВА Е СЕОПФАТНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА КОЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ШТЕТИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, ВКЛУЧУВАЈЌИ БИЛО КАКВИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА БИЗНИС, ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ЗАГУБА НА ДОБРА ВОЛЈА, ЗАГУБА НА УПОТРЕБА, ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ, ТРОШОЦИ ЗА НАБАВКА НА ЗАМЕНСКИ СТОКИ, УСЛУГИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ, СУДСКИ ПОСТАПКИ ИЛИ СЛИЧНО), БИЛО ВРЗ ОСНОВА НА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОР, ПОВРЕДА НА ГАРАНЦИЈА, ДЕЛИКТ (ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ) ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, ДУРИ И АКО ПОЕДИНЕЦОТ СОВЕТУВАЛ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ. ОГРАНИЧУВАЊАТА НА ОДГОВОРНОСТ НАВЕДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР СЕ ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ НА ОСНОВАТА НА СПОГОДБАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИЈАТА И ВАС. ИНФОРМАЦИИТЕ И УСЛУГИТЕ КОИ СЕ НУДАТ НА ИЛИ ПРЕКУ ОВОЈ САЈТ НЕМА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ БЕЗ ТАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА. БЕЗ ОГЛЕД НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО, ЕДИНСТВЕНАТА И ЦЕЛАТА МАКСИМАЛНА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ ЗА БИЛО КОЈА ПРИЧИНА, И ВАШИОТ ЕДИНСТВЕН И ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРАВЕН ЛЕК ЗА БИЛО КОЈА ПРИЧИНА ИЛИ БАРАЊЕ, ЌЕ БИДЕ ОГРАНИЧЕНА НА СУМАТА КОЈА СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ НА КОМПАНИЈАТА НА ОВОЈ САЈТ.

ОДРЕДЕНИ ПРАВНИ СИСТЕМИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОДРЕКУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ГАРАНЦИИ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ НА ШТЕТИ. ВО ТИЕ СЛУЧАИ, НЕКОИ ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ И ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС. ВО ТАКВИТЕ ПРАВНИ СИСТЕМИ, ИСКЛУЧОЦИТЕ И ОДГОВОРНОСТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ НА НАЈВИСОКИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН.

  1. Обесштетување

Вие се согласувате да ја обесштетите, браните и да не ја земате на одговорност Компанијата и нејзините подружници во сите побарувања, барања, основи за постапки, загуби, издатоци, штети и трошоци, вклучувајќи и разумни адвокатски надоместоци, кои резултираат или произлегуваат од, или пак се однесуваат на Вашето користење или однесување на Сајтот, било каква активност поврзана со користењето на Сајтот од Ваша страна, било каков материјал кој го доставувате, објавувате или пренесувате преку Сајтот, прекршувањето на Договорот од Ваша страна, Вашето прекршување или повреда на правата на другите, или престанок на Вашиот пристап до Сајтот.   

VII. Користење на Сајтот; Престанок на користење

Ако доставувате податоци до овој Сајт, Вие се согласувате (а) да доставите вистинити, точни, ажурирани и целосни податоци за Вас, како што е побарано од Сајтот, и (б) како што е дозволено, да ги одржувате и навремено ажурирате таквите податоци, за да бидат вистинити, точни, тековни и целосни. Ако доставите податоци кои се погрешни, неточни, застарени или нецелосни, или пак ако Компанијата има разумна основа да се сомнева дека податоците се грешни, неточни, застарени или нецелосни, Компанијата има право да го суспендира или прекине Вашиот пристап до овој Сајт и да забрани тековно или идно користење на Сајтот (или некој негов дел) од Ваша страна.     

Вие се согласувате да го користите Сајтот замо за цели во рамки на законот и дека сте одговорни за користењето и комуникацијата на Сајтот од Ваша страна. Вие се согласувате да не објавувате или пренесувате преку овој Сајт било какви материјали кои се незаконски, кои повредуваат права, кои се заканувачки, вознемирувачки, клеветнички, вулгарни, непристојни, навредливи, полни со омраза или на друг начин непристојни, вклучивајќи и материјали кои поттикнуваат криминално однесување или однесување кое би довело до граѓанска одговорност, повреда на интелектуалните права на сопственост на други лица или кои на друг начин би ги прекршиле локалните, државните, националните или меѓународните закони. Вие се согласувате да не го користите овој Сајт на било каков начин кој би го попречувал неговото нормално работење или уживањето во Сајтот на некој друг корисник.

Компанијата не тврди дека Материјалите содржани на овој Сајт се соодветни или достапни за користење надвор од јурисдикцијата на Република Македонија, ниту пак дека овој Договор е во согласност со законите на други земји. Посетителите кои го користат Сајтот, а живеат надвор од Република Македонија, го прават тоа на сопствена иницијатива и се одговорни за постапување според сите закони, ако и во мера во која локалните закони важат. Вие се согласувате дека нема да пристапувате на овој Сајт од територии каде неговата содржина се смета за незаконска и дека Вие, а не Компанијата и нејзините подружници, сте одговорни за постапување со важечките локални закони.

Овој Договор е на сила доколку и додека не се раскине од Ваша страна или од страна на Компанијата. Вие може да го раскинете овој Договор во било кое време, под услов да го прекинете понатамошниото користење на овој Сајт. Компанијата, исто така, има право да го раскине или суспендира овој Договор во било кое време и без претходна најава, и според тоа да Ви оневозможи пристап до Сајтот, ако по сопствено уверување Компанијата процени дека не постапувате според некои од условите и одредбите од овој Договор или Вашето користење е штетно за интересите на некој друг корисник или за Компанијата и нејзините подружници. По раскинувањето на Договорот од Ваша или наша страна, мора веднаш да ги уништите сите материјали кои сте ги превземале или на друг начин добиле од Сајтот, како и сите копии од таквиот материјал, без оглед на тоа дали е направено во согласност со условите за користење или не.

Компанијата го задржува правото во било кое време и повремено да го менува или прекине, привремено или трајно, Сајтот (или некои негови делови) без претходна најава. Освен ако не е поинаку наведено во овој Договор, Вие се согласувате дека Компанијата и нејзините подружници нема да бидат одговорни кон Вас или кон трети лица за било какви измени, суспензија или прекинување на Сајтот.

Вие се согласувате дека Компанијата има право да го прекине или суспендира Вашиот пристап до целиот Сајт или некој негов дел, без претходна најава, за било какво однесување кое Компанијата, по свое сопствено уверување, смета дека го прекршува овој Договор или било кој закон, или пак е штетно за интересите на друг корисник или за Компанијата и нејзините подружници.

Деловите II, V до VIII, XI до XIV и XVI ќе важат и по евентуалното раскинување на овој Договор.

VIII. Правила за наградни игри, натпревари, лотарии, анкети и слични промоции

За сите наградни игри, натпревари, лотарии, анкети или слични промоции кои се достапни преку овој Сајт ќе важат конкретни правила кои се одделни од и овој Договор и истиот го надополнуваат. Со учеството во такви наградни игри, натпревари, лотарии, анкети или слични промоции, Вие станувате предмет на тие правила, кои може да се разликуваат од оние наведени во овој Договор. Компанијата Ве советува да ги прочитате правилата кои се однесуваат на одредената активност и да ја разгледате нашата Политика на приватност, која покрај овој Договор ги уредува податоците кои ги доставувате во врска со таквите активности.

  1. Важечки закони; Надлежност; Разрешување спорови

Овој Договор е предмет на и е во согласност со законите на Република Македонија, без оглед на изборот на законските одредби. Вие се согласувате дека подлежите на надлежноста на Република Македонија, како и дека сите тужби кои се предизвикани или се поврзани со употребата на овој Сајт или овој Договор ќе бидат спроведени исклучиво во судови кои се наоѓаат во Република Македонија.

ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИТЕ ЗАКОНИ, ВИЕ И КОМПАНИЈАТА СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ПРАВОТО НА СУДЕЊЕ СО ПОРОТА ВО БИЛО КАКВИ ПОСТАПКИ ИЛИ ПАРНИЦИ ПРОТИВ ДРУГИОТ ВО ОДНОС НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ САЈТОТ. ПОКРАЈ ТОА, НИТУ ВИЕ НИТУ КОМПАНИЈАТА ИМАТЕ ПРАВО НА ЗДРУЖУВАЊЕ ИЛИ КОНСОЛИДИРАЊЕ НА БАРАЊАТА ОД ИЛИ ПРОТИВ ДРУГИ КОРИСНИЦИ НА САЈТОТ, НИТУ ДА ПАРНИЧИТЕ ЗА ПОБАРУВАЊЕ КАКО ПРЕТСТАВНИК ИЛИ ВО ИМЕ НА ГРУПА ГРАЃАНИ ИЛИ ВО СВОЈСТВО НА ПРИВАТЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ.  

  1. Одвоивост; Толкување

Доколку некоја од одредбите се смета за незаконска, неважечка или од било која причина неприменлива на надлежниот суд, тоа нема да влијае на важноста и применливоста на останатите одредби. Во овој Договор, изразот „вклучувајќи“ ќе се смета дека е проследен со зборовите „без ограничување“.

  1. Севкупен Договор

Овој Договор претставува севкупен и единствен Договор помеѓу Компанијата и секој поединечен корисник на овој Сајт во однос на предметот на овој Договор и ги заменува сите претходни или тековни Договори, изјави, гаранции и спогодби, писмени или усни, во однос на предметот на овој Договор.

XII. Разно

Неможноста на Компанијата и нејзините подружници да инсистира на строго придржување кон некој услов не претставува откажување од тој услов и нема да се смета за откажување, ниту да го ограничи правото на таа страна за понатаму да инсистира на строго придржување кон тој услов или кон некој друг услов од овој Договор.

Вие се согласувате дека без оглед на некоја одредба или закон кои се во спротивност, било какво побарување или причина за постапка кои произлегуваат од или се однесуваат на користењето на овој Сајт или овој Договор мора да бидат поднесени во рок од една (1) година од настанувањето на таквото побарување или причина за постапка, или ќе бидат забранети засекогаш. Одредбите „Одрекување од одговорност; Ограничување на одговорноста“ од овој Договор се во корист на Компанијата и нејзините подружници како што е дефинирано во текстот, и секој од овие физички или правни лица имаат право да ги бранат и спроведуваат овие одредби директно против Вас во нивно име.   

XIII. Информации за контакт

Доколку имате било какви коментари, прашања или поплаки во однос на овој Договор, или сакате да пријавите прекршување на истиот, Ве молиме контактирајте нѐ. Линкот е curiosity@umww.com.

Ние ќе одоговриме на секое прашање најдобро што можеме во најкус можен рок.

АЖУРИРАНО НА: 16/7/2012