DIGITAL MEDIA PLANNER
UM SKOPJE ВРАБОТУВА DIGITAL MEDIA PLANNER
Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и глобални компании. UM Скопје е дел од I&F Група, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа. Повеќе од 20 години UM е дел од IPG Mediabrands – најдинамичната групација во светот.
DIGITAL MEDIA PLANNER
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Солидни аналитички вештини;
- Способност за категоризирање и препознавање на најпосетуваните локални портали во Македонија;
- Основно познавање на дигиталните медиуми и најновите трендови во онлајн огласувањето;
- Основно познавање на платформите: Google Ads и Facebook Ads Manager (претходно искуство ќе се смета за предност);
- Основно разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализирањето на дигитални кампањи и нивно успешно презентирање во форма на извештај;
- Универзитетска диплома (дипломци на Економски факултет на насоките Е-бизнис и Маркетинг особено се охрабруваат да аплицираат);
- Ентузијазам за постојано учење и надоградување на дигиталните вештини;
- Способност за самостојна, но и тимска работа;
- Претходното работно искуство во оваа област ќе се смета за предност;
Описот на работното место вклучува:
- Изработка и реализација на медиа планови за огласување на локалните портали, социјалните медиуми и Google Ads.
- Подготовка на финални извештаи од реализираните онлајн кампањи;
- Анализа на постигнатите резултати и нивна визуелна презентација;
- Градење и поттикнување добри односи и соработка со медиумите;
- Активно следење на конкуренцијата и изработка на компетитивни извештаи;
- Активно следење на дигиталните трендови во Mакедонија и изработка на месечни извештаи;
- Тимска работа и координација со членовите на дигиталниот оддел;
На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.
Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 18.05.2022 година, на hr@universalmedia.mk.
Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.