Media Planner

UM-Job-Ads-2

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Минимум две години работно искуство во медиа планирање
  • Познавање на софтверите Arianna и MEDIApuls
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење

Описот на работното место вклучува:

  • Изработка на медиа планови и следење на кампањи
  • Подготовка на извештаи за постигнатите резултатите според дефинирани параметри
  • Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите

На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.

Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 05.07.2019 година, на hr@ifmccann.com.

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.