Агенцијата UM Скопје ја засилува соработката со дигиталниот гигант
Да се посети главното седиште на еден од највлијателните социјални и технолошки гиганти во светот е желба на многу луѓе. Оваа желба неодамна стана реалност за вработените во мрежата на McCann Worldgroup кога Facebook ги отвори вратите од своето главно европско седиште во Даблин и им приреди вистинско дигитално доживување на своите 38 Facebook Blueprint амбасадори.
McCann Worldgroup е првата мрежа на маркетинг агенции која, во партнерство со Facebook, на своите вработени им даде предизвик да ја поминат Facebook Baseline 18 програмата (дел од Facebook Blueprint обуката), а како награда за најуспешните овозможи специјализирана обука одржана од страна на клучните луѓе на Blueprint програмата, директно во просториите на Facebook.Амбасадорите се собраа од различни страни на светот за да ги научат деталите за најновите иновации, клучните производи и функционалностите на најпознатите платформи Instagram и Messenger. Помеѓу земјите учеснички се наоѓаа Велика Британија, Норвешка, Чешка, Шпанија, Романија, Бугарија и др., а на наше огромно задоволство и Македонија.Универзал Медиа Скопје е единствената медиска агенција од Македонија што, како дел од мрежата на McCann Worldgroup, се приклучи на оваа програма и испрати свој претставник во седиштето на Facebook во Даблин. Имено, во Југоисточна Европа, UM е дел од I&F McCann Grupa, една од водечките комуникациски системи, со агенции на пазарите во Србија, Бугарија, БиХ, Словенија, Македонија, Црна Гора и Албанија. Над 200 професионалци за медиуми, секојдневно внесуваат иновативност во кампањите на големиот број клиенти за кои работат. Како дел од компанијата IPG Mediabrands, глобалната мрежа на UM работи во повеќе од 100 земји и вработува преку 4.800 луѓе. Во рамките на мрежата на UM, глобалната експертиза и знаење постојано се споделуваат и надоградуваат. Истражувањето Wave е само еден пример како глобалното знаење се користи како основа за подетално истражување на онлајн публиката. Имено, Wave е најголемата и најдолготрајната истражувачка студија за социјалните медиуми во светот. Опфаќа вкупно 75 земји и ги претставува погледите, потребите и однесувањата на 1.3 милијарди највлијателни корисници на интернет и социјални медиуми во светот.
“UM Скопје знае да ги препознае трендовите, но и квалитетите на своите вработени, па наш приоритет отсекогаш бил отворениот пристап кон новите технологии и брзото совладување на медиските канали кои можат да придонесат за најголем успех на клиентите. Овој пристап нѝ овозможува да ги задоволиме интересите како на нашите клиенти, така и на нашите вработени. Сметам дека вложувањето во своите луѓе е најисплатливата инвестиција, а ова можат да го потврдат и нашите долгогодишни и задоволни клиенти.“ – изјави Роза Петровска, Директорка на UM Скопје.
Наталија Рунчева, Менаџерка за дигитално огласување во медиската агенција UM Скопје, беше дел од ова незаборавно искуство. Наталија како дел од тимот на UM Скопје е задолжена за планирање и реализирање на онлајн кампањите на клиентите на агенцијата.
„Facebook Baseline 18 е модул во рамките на Blueprint, бесплатната програма креирана од Facebook за обука на сите дигитални маркетери, креативци и мали бизниси кои ја користат Ads Manager платформата за огласување на оваа социјална мрежа. Blueprint нуди детални описи на сите опции, функционалности и димензии за објава или платено промовирање на статична или видео содржина. Facebook Baseline 18, пак, е еден сублимат на најважните функционалности кои е потребно еден дигиталец да ги разбере и примени во својата агенциска работа. Покриени се различни тематики тргнувајќи од процесот на планирање на типот на кампања според соодветните бизнис цели на клиентот, преку истражување на онлајн однесувањето на целната публика и одбирање на соодветните формати, сѐ до оптимизација и мерење на реализираните резултати. “ – нѝ раскажа Наталија за програмата и темите кои таа ги опфаќа.Кои беа условите за учество во програмата? Како успеа да бидеш единствениот претставник од Македонија?
„Facebook Baseline 18 беше задолжителен курс што сите вработени во нашата мрежа на креативни и медиа агенции требаше да го положат во определен рок. Нашите организатори беа навистина креативни и великодушни, па смислија начин полагањето да го претворат во тимска забава со многу награди за мотивација. Сите агенции-учеснички, меѓу кои и UM Скопје, се натпреваруваа меѓусебно на глобално ниво според процентот на вработени што навремено ќе ја завршат обуката. Покрај овој екстерен натпревар, постоеше и интерна конкуренција при полагањето. Победниците во интерната конкуренција на крај беа прогласени за Facebook амбасадори на агенциите. Така и јас се најдов во тој потесен круг како претставник на агенцијата UM Скопје.“
Какво е чувството да се биде во канцелариите на Facebook?
„Навистина е огромна чест и неверојатно доживување да се види внатрешноста и од блиску да се почувствува енергијата на компанијата која успеа толку длабоко да навлезе во секојдневието на милијарди корисници низ светот. За еден дигиталец, ова дефинитивно претставува откривање на светиот грал и пружа инспирација за поиновативен пристап кон професионалните обврски. Секој чекор низ просториите придонесе за ново откритие во однос на тоа каде сме моментално во поглед на технолошкиот развој, но и каде одиме и со каква неверојатна брзина се случува сето тоа. Велам секој чекор, бидејќи секој ѕид носи своја приказна од 14-годишниот развој на Facebook. “Кои квалитети и вредности ги цени еден гигант од величината на Facebook?
„Неограничената имагинација и преточувањето на истата во остварливи цели што придонесуваат за глобален импакт се во основите на оваа компанија. Секој вработен е поттикнат да оди чекор понапред од своите очекувања и да биде храбар во донесувањето одлуки со кои ќе го надмине стравот од неподдржана идеја. Идеите и креативноста се ценат, но она што се цени уште повеќе е брзината на имплементирање, како и комплетирањето на секоја идеја со нова социјална вредност за денешното општество. “
Што научи на оваа обука и како ќе влијае ова искуство врз твојата професија и секојдневната работа во агенцијата?
„Оваа обука ми долови подетален фокус на сите можни опции при планирањето на една Facebook кампања, процес со кој се доаѓа до соодветен избор на креатива и позиција, како и најдобрите методи за мерење на реализираните резултати. Покрај ова, имав можност и да се инспирирам од креативни решенија и стратегии за медиска промоција кои предизвикале виралност и огромен број на позитивни реакции на глобално ниво.
Професионалниот успех секогаш е правопропорционален со трудот кој се вложува. Впрочем, за секој кој го работи тоа што го сака и е спремен да инвестира во својата стручност, успехот е неизбежен.
Вака збогатена со корисни информации и совети што дојдоа директно од луѓето кои работеле во осмислувањето на целиот тој систем, првата промена во секојдневната работа е споделувањето на техниките со моите колеги и изнаоѓање на соодветна примена што ќе допринесе за зголемување на продуктивноста, поквалитетен пристап и поголеми успеси во ова поле.
Особено ме радува фактот што оваа иницијатива е само почеток на една поинтензивна соработка помеѓу UM Скопје и Facebook која веќе вклучува директна комуникација и повици на месечно ниво. Како агенција-учесничка во програмата имаме приоритетен пристап до информации, упатства и сите најнови услуги што ги нуди социјалната мрежа, а во иднина се очекуваат и дополнителни работилници и сертифицирање на вработените кои се занимаваат со дигитален маркетинг, како што веќе е случај со платформата Google AdWords. “