На регионалната ревија на најдобри кампањи “BalCannes”, агенциите кои работат во рамките на I&F McCann Grupa имаа најголем број кампањи, дури шест во 25-те најдобри проекти.
Жирито од новинари по прв пат ја додели наградата за Најдобар проект на кампањата „Лав пуканки“ на агенцијата McCann Белград. „Наградата за нашата кампања „Лав пуканки“ е награда за иновативна креативност, за поигрување со медиумите и своевиден комуникациски експеримент кој не го сретнуваме често во пракса“, изјави Јана Савиќ Ристовац, Креативна директорка на агенцијата McCann Белград.
UM Белград е единствената медиумска агенција чија кампања Coca – Cola Simply Tastly App е избрана во 25-те најдобри кампањи. „Tastly кампањата оствари извонредни резултати затоа што ги разбравме моментите кои се клучни за потрошувачите, медиумите“, истакна Биљана Колаковиќ, Регионална директорка на агенцијата UM.
Покрај овие две, во 25-те најдобри кампањи беа избрани и кампањите на агенциите McCann Загреб / Fahrenheit и McCann Скопје, кои работат во рамките на I&F McCann Grupa.