I&F MCCANN GRUPA во размена на искуства на Зимскиот Vivaldi CMO & CCO форум

Тема на овогодинешниот Vivaldi форум се ПРОМЕНИТЕ

Зимскиот Vivaldi CMO & CCO форум, кој ќе се одржи од 1. до 3. декември на Мокра Гора, ќе ги собере експертите од областа на маркетингот, комуникациите, медиумите и сродните индустрии, со цел размена на искуства и унапредување на струката во Србија и регионот. Селектор на овогодинешниот форум е Ванда Кучера, Директорка за корпоративни работи на I&F McCann Grupa, која во четврток, на 1. декември, ќе го отвори форумот и ќе го модерира панелот „Како ги менуваме регулативите, а како регулативите не менуваат нас“, кој ќе се одржи на 2. декември.

Тема на овогодинешниот Vivaldi форум се ПРОМЕНИТЕ. „Како природна состојка на нашата професија, освен што е неизбежна, промената е и потребна и пожелна. Ќе зборуваме за тоа колку сме се промениле од претходната средба, кои новитети и трендови се појавија во рекламната индустрија, но и за тоа што нѐ очекува во блиска иднина“, изјави Ванда. 

Воведното предавање со кое ќе се отвори форумот, преку Skype ќе го одржи Howard Nead, Chief Growth Officer, EMEA, претставник на IPG Medaibrands мрежата, во рамките на која работат агенциите од I&F McCann Grupa, а кому прашања ќе му поставува Катарина Костиќ, Директорка за развој на медиумски услуги на I&F McCann Grupa. Темата на предавањето, „Динамичен пристап на комуникациите“, ќе се бави со промените во комуникациската индустрија и медиумската сцена кои се случиле во текот на последните неколку години, нивното влијание врз односот помеѓу клиентите и агенциите, но и улогата на истражувањата во новонастанатата ситуација.

На панелот „Профил на нашите идни колеги или какви промени во образованието би требало да очекуваме“, еден од учесниците ќе биде и Маја Габријан, HR директорка на I&F McCann Grupа. Панелот ќе иницира различни теми, кои ќе придонесат за креирање на појасна слика за идните маркетари и вештините, знаењата и интересирањата кои ќе претставуваат приоритет за идните колеги.

Зимскиот Vivaldi CMO & CCO форум е организиран од страна на Школата за менаџмент на Мокра Гора, во етно селото Меќавник на Мокра Гора.