Одржана Pitch Academy за регионалните стратешки тимови на агенцијата UM

Pitch Academy

Во рамките на Pitch Academy, претставниците на IPG Mediabrands мрежата, во Белград одржаа обука за регионалните тимови на агенцијата UM. Обуката ја водеа Howard Nead, Chief Growth Officer во IPG Mediabrands и Stefan Burford, Chief Strategy Officer во IPG Mediabrands, кои во текот на изминатите години значајно допринесоа за развојот на стратешките и мултидимензионалните решенија за клиентите на мрежата.

Atmosfera sa Pitch Akademije

„Со оглед на постојаните промени во индустријата, континуираното освежување на знаењето и размената на искуствата се неопходни за одржување на стандардот на квалитет на услугите кои агенцијата UM им ги овозможува на своите клиенти. Во таа смисла, Pitch Academy открива нови сознанија за pitch процесите, предлага пристап на размислување и комуникација и ги анализира најдобрите практики во рамките на глобалната мрежа. Покрај тоа, регионалните тимови дополнително се јакнат, интегрираат и заедно започнуваат интересни проекти“, изјави Биљана Колаковиќ, Регионален директор на агенцијата UM.

Pitch процесот неретко е пресвртен момент во животот на агенциите и претставува терен на кој преовладуваат дополнителни вештини и знаења. „Повратните информации за презентациските вештини, советите во поглед на различните алатки и техники на комуникација и сознанието за моделите на планирање, подготовка и реализација на pitch процесот, ги збогатуваат агенцските тимови, им даваат ефикасна поддршка во работата и им овозможуваат посигурно и поопуштено да настапат пред клиентите“, изјави Катарина Костиќ, Регионален директор за развој на медиумските операции во рамките на UM.

Stefan Burford, Katarina Kostić, Howard Nead

„Pitch Academy претставува значаен сегмент на регионалниот план за едукација, а со самото тоа и за стратешкото определување на UM мрежата на своите клиенти да им обезбеди професионални, креативни и ефективни медиумски планови, што се потврдува со постојаниот однос на доверба и соработка со клиентите“, се наведува во соопштението за јавност на агенцијата.