Катарина Костиќ: Ако мислевте дека медиумските агенции се здодевни, страшно се лажете

wp-katarinakostic

Денес луѓето не можат да издржат ниту секунда, а да им е здодевно. Сакаат да го исполнат своето слободно време и да поминат повеќе време со медиумите од било кога порано

Во рамките на едукативната програма AcademIAA, Катарина Костиќ, регионален директор за развој за медиумски операции во рамките на UM, одржа предавање под назив “Зошто целиот свет е маѓепсан од медиумите?”, со кое е отворен едукативниот модул Медиуми. 

“Чест ми е, во светот кој последниве години толку брзо се менува, да ги „вовлечам“ и посетителите на AcademIAA програмата. На улогата на медиумите и медиумските агенции често се  гледа од многу банална страна, како да сме ние тука само да закупиме рекламен простор и да кажеме кога и каде пораката на брендот треба да се појави”, изјави Катарина.

Ќе ги споделиме со Вас советите кои Катарина им ги даде на младите луѓе кои зачекоруваат во светот на адвертајзингот:

Улогата на медиумската агенција никогаш не е само да закупи и да планира, не гледајте така на оваа област од адвертајзингот. Ако така гледате, нема да бидете свесни за светот и времето во кои работите и за потрошувачите на кои треба да им ја пласирате пораката на брендот, како ни за клиентите на кои треба да им донесете резултати. Медиумските канали забрзано еволуираат, а со самото тоа континуирано се отвараат можности и потенцијал за нивна нестандардна употреба, со што оние кои таа шанса ќе ја искористат донесуваат извонредни резултати. Секогаш гледајте ја ситуацијата од повеќе агли, обидувајте се да ја гледате пошироката слика, бидете љубопитни. 

Денес луѓето не можат да издржат ниту секунда, а да им е здодевно, сакаат да го исполнат слободното време и да поминат повеќе време отколку порано со медиумите и со различни содржини. Количината на медиуми со кои сме опкружени е драстично поголема од порано. За да бидете успешни во оваа работа морате да бидете забележани и релевантни за потрошувачите во време на медиумско изобилие, а тоа подразбира разбирање на потрошувачите, анализирање на податоците за нивното однесување во секоја секунда и поврзување со добрите идеи кои мораме да ги рашириме преку мноштвото од медиумски канали. Значи, подоброто разбирање и анализирање на податоците, подоброто користење на технологијата, интеграцијата на традиционалните и дигиталните медиуми и интеграцијата со креативните идеи, денес  е единствениот начин да се дојде до потрошувачите и тоа е работата на медиумската агенција. Развивате креативност и аналитичност, го следите развојот на технологијата и глобалните трендови во областа на адвертајзингот.

Медиумската агенција, благодарение на податоците, информациите, мерењата и алатките кои ги поседува, развива и собира, а сѐ како последица на технолошкиот напредок, се става себеси во улога на исклучително важен деловен партнер и советник. Во оваа област можете со помош на економетрија да најдете врска помеѓу резултатите кои брендовите сакаат да ги постигнат и сите маркетинг и медиумски активности. Значи, развивајте се во насока на аналитиката и моделирањето, учете да ја разберете релацијата помеѓу различните видови на податоци и начинот на кој можат да се вкрстат, за да се добијат интересни сознанија за планирање на кампањата, совладајте го Excel, SPSS и другите достапни алатки за обработка на податоците.