Читаме и толкуваме податоци и ги користиме да препознаеме кои движечки моменти се важни за животот на потрошувачите.
Интервју со Биљана Колаковиќ, Регионален директор на UM, за списанието Diplomacy&Commerce на тема Тајната формула на комуникациите
Universal Media (UM) верува дека работата на медиумската агенција на 21 век е да ја раскаже приказната за производот и да ја направи идејата привлечна и блиска на потрошувачите, истовремено сфаќајќи ги сите предизвици на новите технологии. Ние ќе ви дадеме шамивче, баш во моментот кога ќе кивнете. Во време на модерните технологии, кога сѐ е презаситено со информации, важно е да се разбере местото, времето и контекстот, како и делот од секундата кој е важен за потрошувачите, но и за производот кој се продава.
UM светската мрежа на агенции, на која припаѓа и вашата агенција, оваа година е наградена од страна на две најпрестижни списанија за рекламирање и креативност – AdAge и AdWeek. Какви предизвици се тоа за вас на регионално ниво? › Наградите кои ги добивме ги добиваат најдобрите и најкреативните медиумски агенции, додека во изборот учествуваат сите светски мрежи на медиумски агенции. Во време кога довербата во медиумските агенции постојано се доведува во прашање, успеавме, од една страна, да ги задржиме постоечките клиенти, а во исто време стекнавме и нови. Бидејќи огласувачите ги доверуваат своите инвестиции на медиумските агенции, нормално е клиентите да сакаат доверлив партнер кој промислено и успешно ќе го контролира нивниот буџет. Довербата лесно се нарушува. Меѓутоа, постои формула за стекнување на доверба. Постои изрека која вели дека довербата е еднаква на размерот на кредибилитет, доверливост и емпатија, но и личен интерес. Горе споменатите награди се доказ дека сме ја усовршиле оваа формула. Што се однесува до нашиот регион, се гордееме со фактот дека споменатата формула е препознаена од страна на нашите клиенти, со кои имаме долгорочни партнерски односи. Исто така сме горди на фактот дека UM Белград е препознаена од страна на жирито на ревијата BalCannes и дека сме единствена медиумска агенција која се најде на листата на 25-те најдобри регионални проекти.
Прилично е очигледно дека сите регионални агенции инвестирале во обработка на податоци и нови алатки. Како се постигнува рамнотежа помеѓу доминацијата на бројките и креативноста? › UM е првата агенција која ја разбра важноста на податоците и која веќе со години вложува во податоци, како во Србија така и во регионот. Недостатокот на индустриски податоци го надополнуваме со локализирање на алатките кои ги разви нашата мрежа. Тоа значи дека вложуваме во истражување кое создава податоци, кои потоа се обработуваат со помош на нашиот софтвер. Тоа ни овозможува одличен увид во потрошувачките навики кои им се важни на нашите клиенти. Меѓутоа, суштината лежи во анализирањето, разбирањето и преведувањето на податоците во моменти кои се битни за животите на нашите потрошувачи. Тие моменти ни помагаат да допреме до потрошувачите на еден ненаметлив начин, но и да ги постигнеме посакуваните резултати.
Со оглед на моменталната економска ситуација, дали мислите дека пазарот во чии рамки работите е премал или е доволно голем за наоѓање на нови и интересни клиенти? › Со оглед на нашата регионална визија и светската мрежа, ние не размислуваме за ограничувањата и не сме загрижени. Со помош на регионалната експанзија, дадена ни е шанса да соработуваме со клиенти од различни категории и пазари и, во таа смисла, да ја развиваме експертизата во разни сегменти. Особено се радуваме на развојот на е-трговијата во Србија, која сеуште е во зачеток, но ќе доведе до поголемо вложување во мобилните платформи и онлајн медиумите. Таа, исто така, ќе им овозможи на малите и средни претпријатија да прејдат во дигитал и да станат сериозни огласувачи.
Како може да се преживее во оваа индустрија, имајќи го предвид фактот дека живееме во време кога сѐ поголем број луѓе го занемарува огласувањето на социјалните мрежи и обично бираат медиуми на кои нема реклами? › Поседувањето релевантни и интересни идеи е општ предуслов, но и тајната на успехот. Технологијата не ги смени основните човечки потреби. Сеуште сакаме да се забавуваме, да учиме, да бидеме сакани и да напредуваме. Она што е поинаку е дека тоа денес го постигнуваме со помош на нови уреди и платформи.
Која е тајната комуникациска формула на агенцијата UM? › Денес медиумите станаа многу непредвидливи и, заедно со ИТ и телекомуникациите, припаѓаат на индустријата која се смета за најнапредна. Од една страна, сето тоа нам ни создава бескрајни можности, бидејќи гледаме од многу податоци дека изложеноста на луѓето на медиумите е многу поголема отколку пред дест години. Од друга страна пак, токму тоа мноштво на содржини предизвикува краток распон на внимание, пружа бегство од здодевност и ги држи луѓето заинтересирани само неколку секунди. Веруваме дека сега е време податоците да се разберат подобро, да се користи технологија, таа да се интегрира со креативни идеи и да се препознаат мали, лични медиумски моменти кои се важни за потрошувачите, што претставува клуч на успехот на секој бренд во денешниот свет. Би сакала да ја илустрирам оваа теза со многу популарната печатена реклама на норвешкиот авиопревозник за летови кон Лос Анџелес, која гласеше „Бред е повторно слободен“.
ТАЈНА ФОРМУЛА: Подобро сфаќање на податоците, употреба на технологијата, интегрирање на креативните идеи и препознавање на малите, лични медиумски моменти кои се важни за потрошувачите.