Media Planner
Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F групата, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
• Минимум една година работно искуство во медиа планирање
• Познавање на софтвериот Arianna
• Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
• Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
• Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
• Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
• Универзитетска диплома
• Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
Описот на работното место вклучува:
• Изработка на медиа планови и следење на кампањи
• Подготовка на извештаи за постигнатите резултатите според дефинирани параметри
• Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
• Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.
Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 18.05.2022 година, на hr@universalmedia.mk.
Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.