Digital Advertising Manager
UM SKOPJE ВРАБОТУВА DIGITAL ADVERTISING MANAGER
Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и глобални компании. UM Скопје е дел од I&F Група, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа. Повеќе од 20 години UM е дел од IPG Mediabrands – најдинамичната групација во светот.
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
- Минимум три години работно искуство со дигитално огласување.
- Познавање на дигиталните медиуми и трендовите во огласување на дигитални медиуми.
- Познавање на правилата во областа на дигиталното огласување.
- Разбирање на принципот на креирање медиска стратегија и подготовка на анализа која служи како основа за стратегија.
- Искуство со работа на платформите: Google Ads, Facebook Ads Manager и Google Analytics
- Пожелно е искуство со работа во Ad serving платформи (на пр. Gemius, Campaign Manager).
- Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализирањето на дигитални кампањи и нивно успешно презентирање во форма на извештај.
- Универзитетска диплома (дипломци на Економски факултет на насоките Е-бизнис и Маркетинг особено се охрабруваат да аплицираат);
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint.
Описот на работното место вклучува:
- Креирање стратегии кои вклучуваат закуп и план за огласување на дигиталните медиуми.
- Надгледување на спроведувањето на стратегијата и управување со буџетот на клиентот за огласување.
- Реализирање на кампањи за дигитално огласување на социјални медиуми, Google Ads, DV360, Spotify и локални портали.
- Реализирање на кампањи во IAS и Campaign manager.
- Анализа на постигнатите резултати и нивна презентација на клиентите
- Градење и поттикнување добри / партнерски односи со клиентите и медиумите
- Соработка со тимот за нов бизнис преку претставување на агенцијата на потенцијални клиенти и предлагање дополнителни услуги за постоечките клиенти
- Тимска работа и координација со членовите на дигиталниот оддел;
- Координација и соработка со други агенции (креативни…)
На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.
Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 14.10.2022 година, на hr@universalmedia.mk
Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.