• SrdjanSaper

    Срѓан Шапер

    Chairman I&F McCann Grupa

    • Срѓан Шапер

      Chairman I&F McCann Grupa

    • Срѓан Шапер е активен во рекламниот бизнис повеќе од 30 години. Тој ја започна својата кариера како популарна музичка ѕвезда, а потоа стана стручњак за маркетинг и комуникации, но и успешен претприемач. Срѓан е основач на I&F McCann Grupa, една од водечките комуникациски системи, која работи на 12 пазари во Југоисточна Европа и Нордиските земји и која вработува повеќе од 600 луѓе.

      КАРИЕРА ВО ДЕЛОВНИОТ И РЕКЛАМНИОТ СВЕТ

      По завршувањето на уметничката кариера, како основач и член на популарната рокенрол група ИДОЛИ, влегува во светот на рекламите. Работел како Креативен директор, продуцент на телевизиски реклами и Директор во агенциите Ogilvy & Mather, Saatchi & Saatchi, SM Delo, Borba, Idols & Friends. Меѓу другото, Срѓан Шапер креирал повеќе успешни рекламни кампањи. Во 1997 год., Срѓан потпишува договор со McCann Worldgroup и ги основа агенциите во Србија и Македонија. Во наредните години, Срѓан основа McCann агенции и во други земји. Денес, Срѓан Шапер е основач и претседател на маркетинг агенцијата I&F McCann Grupa, водечки комуникациски систем во Југоисточна Европа (кој опфаќа 8 земји: Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија) и Нордиските земји (Шведска, Данска, Норвешка и Финска) и вработува повеќе од 600 луѓе. Срѓан Шапер и I&F McCann Grupa се вториот најголем афилијациски партнер на McCann Worldgroup и IPG.

      ДЕЛОВНА ЗАЕДНИЦА

      Срѓан Шапер е иницијатор на бројни проекти во областа на културата и комуникациите. Тој е автор на проектот за подобрување на имиџот на Србија "La Serbie original version", започнат во ноември 2000 год. во Париз, а чија цел беше да се претстави духот на Србија по политичките промени и нејзината демократизација. Тој е еден од творците на разни успешни изборни кампањи во Србија и регионот. За време на својата кариера, бил член на одборите на разни деловни и јавни институции. Меѓу другото, Срѓан Шапер е член на Меѓународното здружение на пропагандисти (IAA), Американската стопанска комора (AmCham) и многу други. Срѓан Шапер е добитник на Наградата за животно дело за својот креативен придонес на маркетингот од страна на Здружението за пазарни комуникации (UEPS). Како активен учесник во деловната и рекламната заедница, тој е добитник и на неколку други престижни награди. Срѓан е и предавач на Универзитетот за уметности во Белград, а често пати е и предавач и говорник на разни меѓународни конференции за маркетинг и комуникации.

      Срѓан дипломирал филмска и телевизиска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград.

  • darko 252x379

    Дарко Лукиќ

    Извршен директор за медиумски операции во рамките на I&F McCann Grupа

    • Дарко Лукиќ

      Извршен директор за медиумски операции во рамките на I&F McCann Grupа

    • Дарко Лукиќ има 20 години искуство во рекламната индустрија. Тој во цела Југоисточна Европа се смета за врвен стратег за медиуми со меѓународно искуство, кое вклучува работа и во медиуми и во маркетинг агенции.

      Кариерата ја започнува во 1996 год. во компанијата New World Publishing Inc. во Прага, а по 3 години ѝ се придружува на истата компанија во Будимпешта. Седум години подоцна, во 2005 год., Дарко станува еден од основачите на компанијата CEE Business Media, исто така во Будимпешта.   

      MBA диплома стекнува на UK Open University. За време на кариерата во агенцијата UM, Дарко соработува со сите клучни клиенти и на тој начин директно учествува во развојот на UM агенциите во целиот регион.   

      Познат е по својата енергија, посветеност на успехот и на динамичниот свет на медиумите, а горд е на сите успеси кои UM ги постигна во последните 10 години, од влегувањето на нови пазари до придобивањето нови клиенти и воведувањето нови услуги.

      Дарко се чувствува многу привилегирано и гордо што може да соработува со извонредниот тим на агенцијата UM, составен од луѓе од сите пазари на Југоисточна Европа. Слободното време го минува со семејството и пријателите. Сака театар и опера, но исто така е и голем љубител на спортски настани, особено фудбалски и кошаркарски.   

  • katarina_kostic_final-3

    Катарина Костиќ

    Регионална директорка за развој на медиумски операции на I&F McCann Grupа

    • Катарина Костиќ

      Регионална директорка за развој на медиумски операции на I&F McCann Grupа

    • Катарина Костиќ е стручњак за медиуми и комуникации, а има повеќе од 15 години искуство во индустријата. На агенцијата UM Beograd ѝ се придружува по завршувањето на мастер студиите на смерот Култура и Медиуми на Goldsmit факултетот при Универзитетот во Лондон.

      Откако пред 15 години започна револуцијата во медиумите, оттогаш почнува да расте и љубопитноста на Катарина околу медиумската и комуникациската индустрија, потрошувачите, интеграциите и улогата на медиумите во вкупниот успех на брендовите и бизнисот. 

      Катарина е клучен член на new business и на стратешкиот тим на агенцијата, а нејзиното продлабочено сфаќање на индустријата е непроценливо, како за меѓународните така и за локалните клиенти.   

      Таа е експерт за комуникациски и медиумски стратегии, трендови и истражувања, додека нејзин главен фокус се растот и постојаниот развој на медиумските услуги во рамките на I&F McCann Grupа.

      Катарина е многу горда на својата способност да ги препознае трендовите, како и на одлучноста да ги прави работите на поинаков и подобар начин. Таа ја препозна потребата од обединување на тимот на Југоисточна Европа, преку интегрирање на дигиталните и традиционалните медиуми, но и потребата од поголема интегрираност на креативните тимови.

      Таа е дипломирана историчарка на уметност, но и школуван дизајнер на цвеќе и мајка на две неверојатни деца, и ужива во сѐ што светот има да понуди.

  • biljana-kolakovic

    Биљана Колаковиќ

    Регионална извршна директорка на агенцијата UM

    • Биљана Колаковиќ

      Регионална извршна директорка на агенцијата UM

    • Биљана Колаковиќ има повеќе од 17 години искуство во комуникациската индустрија, а кариерата ја започна како Медиа планер. На агенцијата ѝ се придружува по дипломирањето на Факултетот за меѓународен менаџмент во 1999 год.  

      Биљана има богато искуство во анализа на медиумите, закуп на медиумски простор и оптимизација на медиумските инвестиции, стратешко планирање, проект менаџмент, но најпозната е по своите лидерски способности. Таа ја предводеше агенцијата во транзицијата од традиционална агенција за медиумско планирање во агенција за интегрирани комуникации во чиј центар е клиентот, обезбедувајќи целиот тим на UM да го добие потребното знаење и алатки за создавање и имплементација на интересни стории за брендовите, кои ќе бидат видливи во сите медиуми.  

       

      Најважниот проект, на кој таа е најгорда, е проширувањето на брендот на UM на целиот јадранско-балкански регион, како и ентузијастичката работа на спојување тимови од различни пазари. Еден од најголемите успеси беше добивањето на тендерот на L’Oréal за планирање и закуп на медиумски простор на сите пазари во јадранско-балканскиот регион, каде UM беше јасен избор на клиентот, благодарение на оптимизираната понуда за консолидација на менаџментот на медиумските активности во регионот.   

      Слободното време го поминува со семејството и пријателите, усовршувајќи ги своите кулинарски способности.

  • mario-lovric

    Марио Ловриќ

    Извршен директор

    UM Загреб & Љубљана

    • Марио Ловриќ

      Извршен директор

      UM Загреб & Љубљана

    • Марио има преку 10 години искуство во комуникациската индустрија, а во 2012 год. стана член на семејството на UM. Сосема е природно неговото влегување во светот на медиумското работење, заради постојаната фасцинираност од феноменот на медиумите и нивното влијание врз модерната култура и општество. Во агенцијата UM, тој ги доусоврши вештините во медиумското истражување, планирањето, закупувањето медиумски простор и преговарањето, кои ги стекна работејќи со некои од најголемите клиенти на UM, како Vip, L’Oreal…

      Едно од неговите најголеми достигнувања е успешното превземање на водечката позиција во UM Загреб во 2014 год., пропратено со консолидација на тимот и зацврстување на тимскиот дух. За време на тој процес, агенцијата ја задржа стабилната позиција на пазарот, задржувајќи ги клучните клиенти и придобивајќи нови, што помогна во одржувањето на јаката традиција на UM на хрватскиот пазар.

      Тој е исто така горд на многуте локални награди кои ги доби UM Загреб во изминатите години и му претставува привилегија секојдневно да работи со неговиот искусен тим.

      По работното време може да го најдете на добар рок концерт или како игра кошарка, секогаш во друштво на пријателите и семејството.

      Најубаво се чувствува во прегратките на неговите двајца синови, по можност на зајдисонце покрај море

  • marijana-kovacevic

    Маријана Ковачевиќ

    Извршна директорка

    UM Софија

    • Маријана Ковачевиќ

      Извршна директорка

      UM Софија

    • Маријана има 11 години искуство во комуникациската индустрија кое го стекна за време на својата работа во агенцијата во Подгорица од нејзиното основање. Дипломските студии ги завршува на Факултетот за политички науки, а за време на нејзината работа во агенцијата се стекна со сеопфатно знаење од областа на односите со јавноста, медиумско планирање и закуп на медиумски простор, како и креативна работа на различни проекти за клиентите на агенцијата.

      Таа е горда на фактот дека за кратко време UM Софија стана една од од водечките медиумски агенции на пазарот, која се фокусира на вештините, знаењето и луѓето. Тимот од 17 експерти за медиуми има создадено портфолио на клиенти од различни производни категории.

      Слободното време го поминува уживајќи во егзотични патувања, најмногу истражувајќи го нејзиниот омилен континент – Азија. Таа зборува Хебрејски и е вљубеник во книгите.

  • nermina-masala

    Нермина Келиќ

    Извршна директорка

    UM Сараево

    • Нермина Келиќ

      Извршна директорка

      UM Сараево

    • Нермина има 9-годишно искуство во комуникацискиот бизнис. Таа работи во McCann и UM од завршувањето на дипломските студии по маркетинг на Економскиот факултет во Сараево.

      Нејзиното искуство и знаење од областа на стратешко планирање, закуп на медиумски простор, развој на онлајн стратегии и менаџмент на социјални медиуми се должи на посветена работа и успешен менаџмент на проекти за многу клиенти, како што се The Coca-Cola Company, Carlsberg, Podravka и MasterCard.

      Еден од клучните проекти кои Нермина успешно ги спроведе е добивањето на The Coca-Cola Company како клиент во Босна во 2012 год. Оттогаш, придобива уште неколку глобални и регионални клиенти и ѝ обезбедува на агенцијата позиција на една од водечките на пазарот. 

      Фотографијата и сликарството се нешто во што таа ужива во своето слободно време. Таа со гордост истанува дека нејзиниот 10 годишен план зацртан за време на студиите е остварен и е подготвена за следните 10 години. Надвор од канцеларијата таа ужива во друштвото на едно мало синооко момче, а на работа со задоволство ја работи најдобрата работа на светот. 

  • roza-petrovska2

    Роза Петровска

    Извршна директорка

    UM Скопје

    • Роза Петровска

      Извршна директорка

      UM Скопје

    • Роза се придружува на UM во 2003 год. Таа е дипломиран инжењер технолог, а во UM добива можност да го примени целото нејзино претходно знаење и вештини од областа на организацијата, комуникациите, преговарањето, администрацијата, раководењето со проекти и човечки ресурси, но и анализа на податоци и услуги на клиентите.

      Низ годините, таа има работено на различни позиции во UM и со сите клучни тимови во агенцијата и како резултат на тоа, стана инспиративен тим лидер кој умее успешно да управува со проект тимовите и да имплементира бизнис иновации.

      Развивајќи ја кариерата во UM, таа има клучна улога во развојот на агенцијата преку носење свежи и иновативни размислувања, поттикнувајќи едукација на вработените, но и поради иновативниот пристап за вклучување на потрошувачите и подигнување на задоволството на клиентите на повисоко ниво.

      Роза беше дел од тимот кој ја освои наградата Златен лав на Фестивалот во Кан (Cannes Lions Festival) во 2009 год., прва таква награда за агенција од Македонија, за кампањата за подигање на свеста за ракот на тестиси „Провери ги!“.

      Роза обожува патувања и фотографирање природа, архитектура и пејсажи, но и создавање нови пријателства. Во изминатиот период имаше прилика да се занимава и со глума, музика и пишување. 

  • ivan-celebic

    Иван Челебиќ

    Извршен директор

    UM Подгорица

    • Иван Челебиќ

      Извршен директор

      UM Подгорица

    • Иван работи во агенцијата веќе 8 години, а зад себе има работа со повеќе од 30 различни клиенти.

      Тој има развиено јаки вештини за медиумско планирање и аквизиција, како и талент за проценка на идните медиумски трендови.

      Тој ја претставуваше UM Подгорица на повеќето регионални тендери и има работено на неколку успешни регионални проекти. За време на работата во агенцијата, Иван беше ментор на целиот медиа тим во UM Подгорица и помогна во развојот на локални медиумски експерти.

      Многу е горд на развиените тимски вредности, како и на востановената позиција на агенцијата на пазарот.

      Иван исто така беше член на победничкиот тим на McCANN’s EMEA ACADEMY во Лондон во 2010 год.

      Тој е поранешен член на државниот тим во борење на Црна Гора, а слободното време го минува во слушање музика, TED говори, филмски маратони и возење велосипед.

  • suela

    Суела Штула

    Извршна директорка

    McCann Тирана

    • Суела Штула

      Извршна директорка

      McCann Тирана

    • Суела го претставува семејството на McCann од неговото основање во Албанија. Пред 8 години, таа почна како директор на Агенцијата, а околу неа се изгради тимот McCann Тирана. Како резултат на нејзината работа, заложба и посветеност, денес агенцијата е на листата на најдобрите во Албанија, признаена како компанија која поставува стандарди, но и принципи на професионална и работна етика.

      Работната биографија на Суела вклучува повеќе од 13 години искуство во комуникациската индустрија и работа со меѓународни и локални клиенти како: The Coca-Cola Company, Albtelecom, MasterCard, L’Oreal, Trans Adriatic Pipeline, Intesa Sanpaolo Bank итн. Нејзината улога и визија се клучни во управувањето и администрацијата на стратешката позиција на агенцијата, нејзиниот развој и политиката на new business.

      Таа има стратешки и аналитички ум, поседува одлични комуникациски и преговарачки вештини и будистичко трпение и смиреност, како и изострено сетило за детали.

      Нејзино главно хоби се јогата, литературата и привлекувањето нови клиенти :-).