Јакнење на регионалните тимови на агенцијата UM

automatska-skica62-740x395

Водечката регионална медиумска агенција во ЈИ Европа ја унапредува својата организациска структура

UM, водечката регионална медиумска агенција во југоисточна Европа, која работи во рамките на I&F McCann Grupа, одлучи да ја унапреди организациската структура, со цел понатамошен развој на услугите, јакнење на тимовите и оптимизација на работењето. Со унапредување на организациската структура и јакнење на тимовите, медиумската агенција UM на најдобар начин одговара на потребите на клиентите и предизвиците на динамичното медиумско опкружување, со што ја потврдува водечката улога во југоисточна Европа. 

Марио Ловриќ, директор на UM Загреб, го превзема раководењето и со UM Љубљана. Марио има долгогодишно искуство во комуникациската индустрија и е дел од тимот на UM Загреб од 2012 год. Има соработувано со бројни компании, и се потврди како лидер со голем потенцијал за успешно водење на агенциските тимови и воведување иновации во работењето. Тијана Стојановиќ, која успешно раководеше со UM Љубљана, во иднина ќе работи во UM Белград.

UM на клиентите им нуди обединета стратешка услуга и интегриран тим на професионалци за стратешко планирање во агенциите на UM во ЈИ Европа, со кои ќе раководи Љиљана Ивошевиќ, која ја превзема позицијата на Regional Strategic Director. Како дел од тимот на UM Загреб веќе 19 години, Љиљана соработуваше со клиенти како The Coca-Cola Company, Moolson Coors, VIP и други, од кои е признаена како ефективна стратешка планерка, фокусирана на постигнување најдобри резултати за клиентите.

Со големо искуство во комуникациската индустрија, на позицијата Client Service Director за UM Загреб и UM Љубљана доаѓа Ведран Вереш. Негови главни задолженија ќе бидат изградба и понатамошно зацврстување на партнерските односи со клиентите во Хрватска и Словенија, водење на агенциските тимови, како и активно учество во новите бизнис проекти на агенцијата на двата пазари.